Борусија Дортмунд и Челси постигнаа договор за трансфер на Џејми Гитенс, 20-годишниот напаѓач кој во новата сезона ќе го носи дресот на лондонскиот клуб.
Преговорите биле одржани во Форт Лодердејл, Флорида, каде двете екипи се натпреваруваат на Светското клупско првенство.
„Офанзивниот играч на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс е пред трансфер во редовите на Челси. Двете страни се договорија за трансферот в четвртокот во Форт Лодердејл. Деталите за трансферот треба да се финализираат“, напишаа од Борусија.
Германскиот клуб потврди дека остануваат уште финални детали пред трансферот да стане официјален. Според медиумите, вредноста на договорот се движи меѓу 63.8 и 65 милиони евра, сума која Борусија ја бараше за својот талентиран фудбалер.