Клубот од Стемфорд Бриџ попладнево го потврди трансферот на Марко Палестра од Аталанта во зделка вредна околу 47 милиони фунти (55 милиони евра) сосе бонуси.
„Сините“ го промовираа првото засилување за Чаби Алонсо, во Лондон пристигна Марко Палестра.
Десниот бек долго време се најавуваше како нов играч на Интер, но Челси во последен миг го украде. Детали не се откриваат, но како што пренесуваат медиумите, се работи за зделка вредна околу 47 милиони фунти (55 милиони евра) сосе бонуси.
„Имаше многу причини поради кои го избрав Челси. Станува збор за еден од најголемите клубови во светот и навистина сум пресреќен што сум тука. Од првиот момент кога клубот ме контактираше ја почувствував позитивната енергија и едвај чекам да ги запознаам навивачите, соиграчите и тренерот“ – вели Италијанецот.
„Во тимот има извонредни фудбалери, а со Чаби веќе разговарав за неговите идеи и начинот на кој сака да играме. Тоа дополнително ме мотивира и со нетрпение очекувам да започнеме со настапите во Премиер лигата“.
ФОТО: FB/Chelsea Football Club