Челси синоќа со фантастична игра во второто полувреме го победи Бетис со 4-1 и ја освои Конференциската лига, но уште поважно е што стана првиот клуб со сите трофеи на УЕФА.
Трофејот на Конференциската лига беше единствениот кој недостасуваше во витрината на Челси, со него сега работата е комплетна.
Тие ја освоија Лигата на шампионите, Лига Европа, Конференциската лига, Купот на победници на купови (натпреварување кое веќе одамна не постои) и Супер Купот.