Чави Ернандез и понатаму е без ангажман и ги полни батериите за враќање на тренерската работа.
Италијанскиот новинар Матео Морето сега откри дека Шпанецот преговара со еден клуб од Премиер лигата, но тој наводно ќе биде познат само во случај на конечен договор.
Ако ја погледнеме сегашната ситуација на клубовите од Премиер лигата, тогаш прилично јасно е дека Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал, Челси, Астон Вила и Њукасл сигурно не планираат смена на тренерите пред наредната сезона.
Од друга страна никој не може да гарнтира дека Рубен Аморим и Анге Постекоглу ќе останат во Манчестер јунајтед и Тотнем. Доколку продолжат со лошите резултати. Но, не се исклучува можноста и некој помал клуб да е во прашање.
Но, како и да е Чави гледа кон Англија, не е тајна дека пред доаѓањето на Аморим водеше преговори со „црвентие ѓаволи“, па гласините сега не се преголемо изненадување.