Хакан Чалханоглу би можел да го напушти Интер без обесштетување на крајот од сезоната 2026/27, бидејќи влезе во последната година од договорот со миланскиот клуб, пренесуваат италијанските медиуми.
Според „Газета дело Спорт“, во моментов нема преговори меѓу Чалханоглу и Интер за продолжување на соработката, ниту пак таков разговор е планиран во блиска иднина. Најверојатното сценарио е турскиот фудбалер на 30 јуни 2027 година да стане слободен играч.
Чалханоглу во Интер пристигна во 2021 година како слободен играч од градскиот ривал Милан, а во изминатите сезони освои две титули во италијанското првенство, три Купа на Италија и три Суперкупа на Италија.
Со „нераѕурите“ двапати играше во финалето на Лигата на шампионите.
Иако во февруари ќе наполни 33 години, Чалханоглу и понатаму има важна улога во тимот на тренерот Кристијан Киву и е стандарден стартер на позицијата последен играч за врска. Се очекува тоа да остане така и во новата сезона.