Медиумите од Турција пренесуваат дека Хакан Чалханоглу имал емотивен разговор со лидерите на Интер со кој побарал трансфер во редовите на Галатасарај.
Галатасарај со недели притиска за ангажман на Хакан Чалханоглу, но Интер не сака лесно да се откаже од фудбалерот и постави цена од 35 милиони евра.
Шампионот на Турција смета дека ова е прилично висока сума за играч кој има 31 година, па обидите тапкаат во место.
Последните информации велат дека самиот Хакан Чалханоглу повлекол чекор за да го одблокира процесот.
Тој разговарал со лидерите на Интер и испратил емотивна порака: „Ви ги дадов моите четири најдобри години, пуштете ме да се вратам дома“.
Останува да се види дали „нероаѕурите“ се подготвени за компромиси со оглед на тоа што Лацио не сака да слушне за продажба под 50 милиони на Николо Ровела, фудбалерот кој е пикиран како замена за Хакан Чалханоглу.
ФОТО: X/Inter