Чаби Алонсо наскоро треба да биде потврден за нов тренер на Реал Мадрид, а како што пренесува АС, стратегот сака на „Бернабеу“ да му се придружат двајца фудбалери на Баер Леверкузен.
Преговорите на Карло Анчелоти со Бразил пропаднаа, но и покрај тоа се очекува Италијанецот да го напушти кормилото на Реал Мадрид и на негово место да пристигне Чаби Алонсо.
Низ медиумите има многу гласини за тоа како ќе изгледаат „кралевите“, се шпекулира дека помеѓу желбите се играчи како Вилијам Салиба од Арсенал, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, Алексис Мекалистер од Ливерпул и уште неколку други.
Според пишувањата на АС, Чаби Алонсо сака да донесе двајца играчи од Баер Леверкузен – Џонатан Та и Флоријан Вирц.
Дефанзивецот може да пристигне беспари, неговиот договор истекува на 30. јуни, додека пак офанзивниот фудбалер има прилично висока цена.
За услугите на Флоријан Вирц има интерес од Баерн Минхен и Манчестер Сити, па „фармацевтите“ поставија почетна цена од 120-130 милиони евра, плус бонуси.