Чаби Алонсо побарал од Перез да го задржи Лука Модриќ!

by riste
1 минути читање

„Радио Марка“ тврди дека Чаби Алонсо сака Лука Модриќ и следната сезона да настапува за Реал Мадрид.

Модриќ сака да остане уште една сезона во Реал Мадрид, но се чинеше дека Перез нема да му ја исполни желбата и нема да му понуди нов договор.

Ако се вистина информациите на „Радио Марка“, ситуацијата се менува по желба на Алонсо.

Новиот тренер на Реал Мадрид побарал од претседателот да го задржи Модриќ.

Модриќ покрај тоа што е одличен фудбалер е и многу важен фактор во соблекувалната поради големото искуство и лидерски способности, Алонсо сака да има таков играч во својата прва сезона како тренер на кралскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани