Чаби Алонсо ги откри плановите за Родриго, Мбапе, Винисиус и Белингем

by bojan
1 минути читање
Родриго

Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо вели дека сака да го задржи Родриго, има идеи како да го извади најдоброто од Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, и порача дека го гледа Џуд Белингем како фудбалер од средниот ред.

Чаби Алонсо денеска беше промовиран пред новинарите како нов тренер на Реал Мадрид и доби прашања на неколку актуелни теми од изминативе денови.

Се шпекулира дека Родриго не е задоволен поради тоа што е во сенка на Килијан Мбаше, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем, па сака да го напушти „Бернабеу“.

„Родриго е фудбалер на Реал Мадрид и јас ќе разговарам со сите фудбалери на Реал Мадрид. Барем тоа го заслужиле. Исто така потребно е оваа конверзација за подобро да се запознаеме“ – вели Чаби Алонсо.

„Сега можам само да кажам дека Родриго е спектакуларен фудбалер и ќе ми биде потребен“.

Стратегот потоа беше запрашан дали има план како да ги комбинира Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, аспект во кој потфрли Карло Анчелоти.

„Како прво, благослов е да се има играчи од таков калибар. И не само Мбапе или Винисиус, туку и многу други. Но тие двајца, без сомнежи, се играчи кои прават разлика и мора да го извлечеме максимумот од нив. Ако тие играат на врвно ниво, тимот ќе реди победи. Секако дека имам идеи… но допрва треба да седнам со нив. Ќе работам на тоа да се има подобра комуникација и конекција помеѓу двајцата“.

Запрашан каде го гледа Џуд Белингем во своите замисли откако Англичанецот често играше во форот, Чаби Алонсо вели: „Џуд е специјален фудбалер и може да се снајде на секоја позиција. Јас го гледам како фудбалер од средниот ред, но тој има огромен потенцијал и може да биде многу ефикасен“.

ФОТО: X/Real Madrid

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани