Четири големи клубови во трка по Влаховиќ!

by
1 минути читање

Влаховиќ поголемиот дел од сезоната го помина во фрустрации, Србинот не беше на своето ниво, а го следеа и повреди. Информациите од Италија велат дека неговиот однос со Масимо Алегри не е идеален, а тоа беше видливо кога беше заменет на мечот со Севиља.

Според „Газета дело Спорт“, интерес за Влаховиќ има од четири големи клубови, Баерн Минхен, Челси, Манчестер јунајтед и Њукасл.

Влаховиќ оваа сезона даде само 13 голови во 39 мечеви во сите натпреварувања.

Се уште не е познато дали Јувентус ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона, има најави за нови бодовни казни кои ако се реализираат ќе го исфрлат тимот од елитното натпреварување, а тоа ќе биде дополнителна причина за заминување на Влаховиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×