Цена од која боли глава, ПСЖ за услугите на Баркола бара 150 милиони евра

by bojan
1 минути читање

Како што објави Л’Екип, ПСЖ бара фантастични 150 милиони евра за продажба на Бредли Баркола, кој е на радарот на Арсенал и Ливерпул.

„Светците“ се клуб кој не е принуден да продава, па поставува високи цени на своите играчи.

Милан мораше да го собори сопствениот трансфер рекорд и да плати околу 70 милиони евра за Гонсало Рамош.

ПСЖ сличен став има и за Бредли Баркола, кој е на радарот на Арсенал и Ливерпул.

Како што пренесува Л’Екип, шампионот на Франција поставил цена од која боли глава, односно ќе бидат потребни околу 150 милиони евра за ангажман на офанзивниот фудбалер.

ФОТО: X/Paris Saint-Germain

Можно е и ова да ти се допаѓа

×