Челси заработи 15 милиони евра од играч кој нема одиграно ниту една минута во синиот дрес

by
1 минути читање

Во 2014, „сините“ одвоија околу 2,5 – 3 милиони евра за да го купат Марио
Пашалиќ од Хајдук. Хрватот пристигна на Стемфорд Бриџ“ како голем талент, но никогаш не заигра за
Челси.

Тој веднаш беше пратен на позајмица во Елче, следната сезона играше за
Монако, па потоа зследуваа позајмици во Милан и Спартак Москва, за во 2018 да се пресели во
Аталанта, исто така на позајмица (две години). Фудбалерот од средниот ред добро се снајде во Бергамо, па
„нероаѕурите“ решија во целост да го купат.

Медиумите шпекулираат дека биле одвоени 15 милиони евра, што е одлична
заработка за Челси, кои исто така доби и 2 милиони евра за двегодишната
позајмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×