Челси врза три победи под водство на Тухел (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Шефилд јунајтед се покажа како тврд орев, но Челси успеа да дојде до трите бода и да го продолжи позитивниот старт на новиот тренер.

Отпорот на домаќините беше скршен во 43. минута кога по асистенција на Вернер, Маунт постигна гол за водство на Челси од 1-0.

По девет минути игра во второто полувреме Рудигер си постигна несмасен автогол за израмнување на 1-1.

Но четири минути подоцна беше досуден пенал за Челси по фаул врз Вергнер, најстрогата казна успешно ја реализираше Жоргињо за победа од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×