Челси требаше да му даде неколку гола на Саутемптон, „сините“ на крајот си заминаа со пораз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Сините“ со
празни раце се враќаат од „Сент Мерис“ и покрај тоа што почетокот на
натпреварот навестуваше победа. Челси добро го отвори мечот, се редеа шанси и
резултатот беше отворен во 23. минута, Стерлинг реализираше за 0-1.

Но избраниците на
Тухел како да застана тука, пет минути подоцна Лавија изедначи на 1-1, а пред крајот на првиот дел Амстронг ја затресе мрежата за пресврт и 2-1.

Гостите во
вториот дел притискаа, го имаа поседот на топката но креираа премалку и упатија
само еден шут во рамките на голот, па поразот беше неизбежен.

На останатите денешни
натпревар во Премиерлигата, Митровиќ постигна нов гол и помогна Фулам со 2-1 да
слави против Брајтон.

Кристал Палас
одигра 1-1 против Брентфорд, а со ист резултат заврши и пресметката помеѓу Лидс
и Евертон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×