Челси со пресврт го победи Вест Хем, Тотнем го совлада Фулам (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На лондонскиот дуел меѓу Челси и Вест Хем беа постигнати три гола, сите три во последниот половина час од натпреварот.

Антонио во 62. минута донесе водство за Вест Хем, а тоа само како да го разбуди Челси. 

Сините најпрво во 76. минута преку Чилвел изедначија 1-1, а на две минути пред крајот Хаверц постигна гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Во вториот лондонски дуел, Тотнем со голови на Хојбјерг и Кејн имаше водство од 2-0, но Митровиќ во 83. минута даде гол и го направи финишот поинтересен.

Фулам имаше шанси за израмнување, но Тотнем успеа да ја сочува предноста и на крајот да слави со 2-1.

Најмногу голови имаше на мечот меѓу Брентфорд и Лидс каде домаќините славеа со 5-2, а немаше погодоци на дуелот меѓу Њукасл и Кристал Палас.

Нотингем форест водеше со 2-0 против Борнмут, а на крајот загуби со 3-2, Вулвс со 1-0 го совлада Саутемптон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×