177
Резултатот беше отворен во 43. минута кога Хаус најдобро се снајде во една мешаница пред голот на Кепа и постигна гол за водство на Астон Вила од 1-0.
Пулишиќ во игра влезе во 55. минута, а само пет минути подоцна го изедначи резултатот на 1-1.
Веднаш потоа Жиру даде гол за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1, тоа беше и конечниот резултат.
Со овие три бода Челси ја зголеми предноста на четвртата позиција, последната која води во Лигата на шампионите, сега се на пет плус во однос на Манчестер јунајтед и Волвс.
Денеска претходно Њукасл со 3-0 го совлада Шефилд јунајтед.