„Сините“ ова лето
останаа без Нголо Канте, Матео Ковачиќ, Рубен Лофтус Чик и Мејсон Маунт, па
Маурисио Покетино сака да донесе неколку имиња од средниот ред.
Ако се покажат
точни шпекулациите на медиумите од „островото“, Челси ќе потроши 170 милиони
фунти за ангажман на тројца играчи.
Доцна синоќа се
појавија информации дека Челси сака на Ливерпул да му го украде Ромео Лавиа и
до Саутемптон е доставен предлог вреден 48 милиони фунти, што е блиску до сумата
од 50 милиони фунти која ја одредија „светците“.
Утрово пак беше
објавено дека клубот од Стемфорд Бриџ ја активирал откупната клаузула во
договорот на Тајлер Адамс од Лидс вредна 20 милиони фунти и репрезентативецот
на САД наскоро ќе пристигне во Лондон на лекарски прегледи.
Исто така се
пишува дека Челси направил напредок во преговорите со Брајтон за трансфер на
Моисес Каиседо, и двете страни ги договараат деталите за зделка вредна 100
милиони фунти со се бонуси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.