Челси се раздели од Марина, новиот газда ќе ги договара трансферите

by
0 минути читање

47-годишната Марина Грановскаја беше десна рака на Роман Абрамович и се промовираше во најмоќната жена во фудбалот. Во 2021 година кога Челси ја освои Лигата на шампионите таа ја доби наградата за најдобар директор во европскиот фудбал.

Но, новото раководство на Челси има нови планови. Клубот реши да се раздели со Марина Грановскаја и покрај нејзината успешна работа. Наскоро се очекува и официјално соопштение.

Во меѓувреме, новиот сопственик Тод Бели ќе ги врши преговорите за трансферите во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани