Челси се приклучува во битката за потпис на Френки де Јонг, „сините“ нудат двајца играчи

by
0 минути читање

Манчестер јунајтед подолго време е во преговори со Барселона за трансфер на Френки де Јонг, но никако да пристигне абер за преселба на Холанѓанецот на Олд Трафорд.

Последните информации велат дека Челси се приклучува во битката, „сините“ ги известиле „каталонците“ дека сакаат да го ангажираат фудбалерот од средниот ред.

Весникот Спорт ја потврдува информацијата која прво ја објави Релево и добро упатениот новинар Тони Хуанмарти. Весникот исто така додава дека Челси ќе понуди двајца играчи како дел од зделката, односно Сесар Аспиликета и Макос Алонсо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани