Пред два дена,
медиумите од Англија објавија дека Челси ја добил битката со Манчестер Сити за
потписот на талентираниот Мајкл Олисе, „сините“ решиле да ја активираат
откупната клаузула во договорот на офанзивниот фудбалер вредна 35 милиони
фунти.
Сепак, Мајкл
Олисе нема да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, од Кристал Палас попладнево брифираат
дека играчот ставил потпис на нов четиригодишен договор.
Како што
пренесува Фабрицио Романо, Челси решил да се повлече од трансферот откако
Кристал Палас се заканил со тужба.
„Орлите“ сметале
дека Челси на нелегален начин го врбувал Мајкл Олисе за трансфер, па решиле
целиот случај да го изнесат пред трибунал.
Па за да не дојде
до судски процес, Челси се откажал од зделката а Кристал Палас го искористил ова за да го
обврзе Мајкл Олисе на нова соработка.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.