Барселона и Челси
се многу блиску до договор за трансфер на Френки де Јонг, ова го потврдија
неколку извори од Шпанија и Англија.
Двата клуба се во
напредни преговори и се работи на зделка вредна оклу 80 милиони евра (фиксен
дел плус бонуси).
„Сините“ исто
така сакаат да го ангажираат Холанѓанецот во пакет со Пјер Емерик Обамејанг,
кој е желба на Томас Тухел, двајцата соработуваа во Борусија Дортмунд.
Во меѓувреме,
агентот на Френки де Јонг попладнево пристигна во Барселона и ќе има средба со
„каталонците“.
Се говори дека
Барса ќе му го повтори ставот на клубот, односно Френки де Јонг ќе треба да
прифати помала плата доколку сака да остане, во спротивно играчот ќе треба да
најде заеднички јазик со Челси и да се пресели во Лондон.