Челси руши рекорди за да го ангажира Леао од Милан, дури ќе му ги реши и проблемите на Португалецот со Спортинг

by
1 минути читање

Челси има неколку
напаѓачи на листата со желби а оваа недела се појавија гласини за трансфер на
Рафаел Леао од Милан.

Како што
пренесува Газета дело Спорт, на адреса на „росонерите“ нема пристигнато конкретен
предлог, но двата клуба се во комуникација преку агентот Жорж Мендеш.

„Сините“ се подготвени
да го срушат сопствениот рекорд и на Милан да му платат 120 милиони евра за
ангажман на Португалецот.

И не само тоа, клубот
од Стемфорд Бриџ е подготвен да му ги реши проблемите на Рафаел Леао со
Спортинг, односно да го подмири долгот од 16,5 милиони евра за едностран раскин
на договорот и загубениот судски спорт.

Со оглед на тоа
дека на Лил му следуваат 15% од продажба на Рафаел Леоа, Челси е подготвен да
го покрие и овој дел со цел Милан да добие чисти 120 милиони евра.

Доколку се земат
сите суми, зделката ќе вреди околу 150 милиони евра, колку што изнесува и откупната
клаузула во договорот на Рафаел Леао.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×