Челси пред три години одби 70 милиони фунти, сега го продава за ДЕСЕТ пати помалку

by
1 минути читање

Калум Хадсон Одои
важеше за еден од најперспективните играчи на Челси, во 2020 година, Баерн
Минхен беше подготвен да одвои 70 милиони фунти за негов ангажман.

„Сините“ тогаш не
сакаа да слушнат за продажба и го наградија офанзивниот фудбалер со богат
договор, но потегот се покажа како голема утка, Англичанецот никогаш не се
наметна во првиот тим, сега е пред заминување и тоа за скромна сума.

Фулам веќе се
договори со Калум Хадсон Одои и сега води преговори со Челси за висината на
трансферот.

Првата понуда на клубот
од Кревин Котиџ е 4 милиони фунти, додека пак „сините“ бараат околу 8 милиони фунти
за разделба со 22 годишниот Англичанец.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани