„Сините“ за нешто
повеќе од една година потрошија над 1 милијарда на засилувања, но вечерва се
мачеа против четвтолигаш во Лига купот.
Вимблдон дури и
на големо изненадување поведе преку Тили, кој реализираше пенал во 19. минута.
Избраниците на
Покети изедначија во судиското надополнување на првиот дел, Мадуеке од белата
точка погоди за 1-1.
Пресвртот беше
направен во 72. минута, гостинскиот голман направи една грешка а Енцо Фернандез
реализираше за 2-1.
Блекбурн со триумф
од 0-8 над Хароугејт продолжува понатаму, Барни триумфираше со 0-1 над Нотингем
Форест, а во следното коло пласман обезбеди и Линколн по победа на пенали во
пресметката со Шефилд јунајтед.
Евертон се врати
од гол негатива против Донкастер, и со кам-бек во вториот дел стигна до 1-2 и
прогрес во следната рунда.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.