Челси побарал од камионче со храна да престане да му продава бургери на Азар!

by
1 минути читање

Еден Азар оваа
недела стави крај на кариерата, офанзивниот фудбалер реши да оди во пензија со
само 32 години.

И покрај тоа што
во дресот на Челси се промовираше во еден од најдобрите во светот, Еден Азар не
се снајде во Реал, често се мачеше со повреди и вишок килограми, па неговата
авантура во Мадрид ќе биде запаметена како големо промашување.

Медиумите од
Англија сега откриваат интересна приказна, Еден Азар бил љубител на вкусна
храна уште кога бил дел од Челси, па раководството на „сините“ морало да
повлече еден несекојдневен потег.

„Во првата сезона
на Еден Азар во Челси, во близината на Стемфорд Бриџ имаше камионче со храна,
па од таборот на Челси мораа да му кажат на сопственикот да престена да му продава
бургери на Еден Азар“
– раскажува новинарот Мет Лоу.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×