Челси ова лето ќе троши како никој во историјата, „сините“ за трансфери ќе одвојат рекордни 300 милиони?!

by
1 минути читање

Ова лето на Стемфорд
Бриџ започна нова ера, Роман Абрамович повеќе не е сопственик на клубот и
„сините“ преминаа во рацете на конзорциум предводен од Тод Боли.

Клубот го напушија
и неколку луѓе од доверба на Русинот, а Тод Боли ги превзеде конците во свои
раце, па дури и активно учествува во преговорите за нови засилувања.

До сега потроши
нешто над 100 милиони фунти за ангажман на Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали,
Карни Чуквуемека и Габриел Слонина.

Челси исто така е
многу блиску до ангажман на Марк Кукуреља од Брајтон во зделка вредна 55+7
милиони фунти, но тука нема да запре шопингот на „сините“.

Се водат
преговори со Лестер за Весли Фофана, понудата од 60 милиони фунти беше одбиена,
и се најавува дека на маса ќе бидат ставени 70 милиони фунти.

Тод Боли исто
така е во преговори со Барселона за во пакет да ги купи Френки де Јонг и Пјер
Емерик Обамејанг
, и за реализација на оваа зделка ќе бидат потребни 70+ милиони
фунти.

Доколку првиот
човек на Челси успее да ги комплетира сите овие трансфери, ќе постави рекорд за
најмногу потрошени пари во еден преоден рок, ниту еден клуб нема одвоено 300
милиони фунти на засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани