22 годишниот Фоларин Балогун минатата сезона постигна 21 погодок во Лига 1 во дресот на Ремс но и покрај тоа нема гаранции од Микел Артета за поголема минутажа во Арсенал.
Репрезентативецот на САД не сака да оди на нова позајмица, па „топчиите“ се подготвени да го продадат доколку добијат понуда од 50 милиони фунти.
Интер, Милан, Монако, Марсеј и РБ Лајпциг ја следат ситуацијата на напаѓачот, а последните информации велат дека Челси остварил контакт со агентите на Фоларин Балоган и опипуваат терен за трансфер.
„Сините“ минатата сезона имаа проблем со реализацијата, плус се разделија со неколку офанзивни играчи, па се во потрага на засилувања за нападот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.