188
Рахим Стерлинг не само што го изгуби првотимскиот статус во Челси, остана и без број, 7-цата ја доби новото засилување Педро Нето.
Рахим Стерлинг нема иднина на Стемфорд Бриџ. Откако во пресрет на натпреварот против Манчестер Сити беше известен дека го изгубил првотимскиот статус, напаѓачот вчера одново беше понижен.
Англичанецот остана без број, Челси 7-цата ја даде на новото засилување Педро Нето.
Се верува дека причина за ваквиот потег на „сините“ е високата плата на Рахим Стерлинг, кој има примања од околу 300.000 фунти неделно и е еден од најплатените на Стемфорд Бриџ.
Па Челси сака што поскоро да се раздели со Англичанецот.