Челси нема да успее да ангажира некој од Де Лихт и Шкрињар, но упорно сака да донесе дефанзивец од Серија А

by
1 минути читање

Цената на Де Лихт која ја одреди Јувентус е преку 100 милиони евра, тоа е сума која Челси нема намера да ја плати.

Милан Шкрињар е блиску до трансфер во ПСЖ, па Челси нема да може да дојде ниту до него.

Следен на листата е дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

Договорот на Кулибали со Наполи истекува во јуни 2023 година и тој се уште не се договорил за продолжување на соработката со наполитанскиот клуб.

Се верува дека на Челси ќе му биде доволна понуда од 40 милиони евра за да го купи Кулибали.

Покрај Кулибали, Челси сака да го врати и Аке, а интерес има и за Кунде од Севиља.

Сините прво сакаат да го комплетираат трансферот на Рафиња, а потоа посериозно да тргнат во лов на централни дефанзивци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×