Челси нема да го пушти Лукаку беспари, еве што треба да се случи за напаѓачот да се врати во Интер

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку
сака повторно да го облече дресот на „нероаѕурите“, фудбалерот од Белгија е
подготвен да прифати значително помала плата за да се врати во Миланo но
зделката е прилично комплицирана.

Челси ја подотвори
вратата и прифаќа да го позајми Ромелу Лукаку, но позајмицата нема да биде
бесплатна.

Во балансот на
„сините“, годишната амортизацијата на Ромелу Лукаку е 23-25 милиони евра, и ова
е сумата која Интер треба да ја плати за да го добие фудбалерот.

Постои и опција Интер
некого да испрати на позајмица во Челси за да не плати ништо, медиумите
шпекулираат со имиња како Шкрињар, Бастони, Барела или Лаутаро Маритнез.

Останува да се
види дали двата клуба ќе пронајдат заеднички јазик, имаат три недели да го
сторат тоа со цел Интер да го искористи законот за повластена даночна стапка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани