Синоќа се случи голем скандал на Вембли откако голманот на Челси, Кепа Аризабалага одби да излезе од теренот иако Сари одлучи да го извади и Кабаљеро чекаше крај аут линијата за да влезе.
По мечот и Сари и Кепа имаа слични изјави, тие кажаа дека станувало збор за недоразбирање. Тренерот мислел дека голманот е повреден, а тој одбил да излезе бидејќи со него се било во ред и сметал дека може да продолжи.
Многумина очекуваа дека Кепа го чека санкција од клубот, но според „Ивнинг Стандард“, Челси нема намера да го казни својот голман и тој ќе биде во првиот тим веќе во среда за дуелот од Премиерлигата против Тотнем.
Засега и Маурицио Сари останува на тренерската позиција бидејќи Челси одигра добар натпревар против Манчестер Сити и покрај тоа што загуби на пенали.