„Сините“
потрошија над 1 милијарда фунти на нови играчи во последните три преодни рока,
но немаат квалитетен голгетер и често се мачат пред противничкиот гол.
На листата со
желби има неколку имиња, а последните информации говорат за ангажман на Артем
Довбик од Жирона.
Украинецот прикажува
одлични партии, постигна 11 погодоци и забележа 5 асистенции на 17 натпревари
во Ла Лига, и одигра важна улога во изненадувачката сезона на „бело-црвените“,
кои долго време беа лидери на табелата и во моментов се на делба на првата
позиција со Реал Мадрид.
Артем Довбик е добар пријател со Михајло Мудрик, двајцата имаат ист агент и разговараат
секој ден. Се говори дека трансферот може да биде вреден помеѓу 40 и 45 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.