Френк Лампард
конечно се радува на победа во Премиерлигата на Стемфорд Бриџ откако го
превзеде кормилото на Челси. Легендата на „синтие“ стигна до цел плен во
четвртиот обид.
Попладнево, Челси
со 2-0 го совлада Брајтон. Домаќините имаа неколку убави прилики за гол во
првото полувреме, но резултатот беше отворен дури на стартот од вториот дел
кога последната линија на гостите направи почетничка грешка и му подори пенал
на противникот. Жоржињо остана смирен и донесе 1-0.
Трите бода ги
осигура Вилијан, Бразилецот со доза на среќа погоди за 2-0 откако неговиот шут закачи
еден играч на Брајтон и го измами голманот.
На останатите
терени попладнево во Премиерлигата, гостините имаа лош ден и не успеаја да
слават на ниту еден натпревар. Кристал Палас и Вулверхемптон забележаа победа
од 2-0 над Норич односно Ватфорд. Тотнем со 2-1 го совлада Саутемптон, а на
дуелите Астон Вила-Барнли и Борнмут-Вест Хем резултатот беше 2-2.