Челси потроши повеќе
од 1 милијарда фунти на засилувања во последните три преодни рока, но и покрај
тоа резултатите не се на потребното ниво.
По поразот од
Евертон, „сините“ се најдоа на позицијата број 12 на табелата, па Маурисио
Покетино порача дека мора да се донесат нови играчи во јануари.
И покрај тоа што
тренерот е под притисок, се верува дека ја има поддршката на сопствениците, кои
се подготвени да му ги исполнат желбите.
Но за да се
запазат параметрите на Финансиски фер плеј и да се приберат средства за нови
засилувања, Челси ќе се обиде да најде купци за неколку играчи.
Се шпекулира дека
на излезна врата се Нони Мадуеке, Тревох Чалоба, Армандо Броја, Марку Кукуреља,
Аксел Диаси, Јан Матсен и Мало Густо.
На продажба може
да биде ставен и еден од капитените, односно Конор Галагер, кој ќе преставува
чист профит за клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.