1,6K
Челси се поврзуваше со овие тројца фудбалери, но дека сака сите наеднаш да ги купи е нешто ново.
Двата клуба веќе имаат добра соработка, воспоставија комуникација од трансферот на Лукаку, кој отиде во Челси, па се врати во Интер.
Според „Калчомеркато“, Челси за Шкрињар ќе треба да плати преку 70 милиони евра, околу 40 милиони евра за Думфрис, а за остатокот до 130 милиони евра е сумата за младиот фудбалер од средниот ред, Касадеи.
Една ваква продажба ќе му помогне на Интер да ги балансира сметководствените книги.