Челси ја испраќа првата понуда за Роналдо, на маса ќе бидат ставени 14 милиони фунти

by
1 минути читање

„Сините“ заедно
со Лестер се единствените клубови од Премиерлигата кои се уште немаат донесено
засилување ова лето, но работите можат да се променат наскоро.

Доцна синоќа беше
објавено дека Челси се договорил со Рахим Стерлинг, Англичанецот ќе стане еден
од најплатените играчи на Стемфорд Бриџ. Се очекува во скоро време да падне дил
и со Манчестер Сити за зделка вредна околу 45 милиони фунти и да пристигне
официјално соопштение.

Се подготвува и
трансфер на Кристијано Роналдо, извори од Англија пренесуваат дека Томас Тухел дал
зелено светло за ангажман на ЦР7 и „сините“ ќе достават понуда вредна 14
милиони фунти.

Наводно во
Манчестер јунајтед се помириле дека нема да го задржат Кристијано Роналдо, Ерик
тен Хаг веќе почнал да крои планови за тимот без Португалецот во него, но
останува да се види дали „ѓаволите“ ќе сакаат да го продадат на ривал од
Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани