Челси ја доби битката за дефанзивецот кој беше желба на половина Европа

by
1 минути читање

21 годишниот Французин важи за еден од најперспективните млади играчи, па со оглед на тоа што беше достапен за беспари, го привлече вниманието на огромен број клубови ширум Европа.

Битката за неговиот потпис ја доби Челси, клубот од Стемфорд Бриџ попладнево соппшти дека Маланг Сар ставил потпис на петгодишен договор.

Тој сепак нема да може веднаш да се наметне кај Френк Лампард, сезоната 2020/21 ќе ја помине на позајмица.

„Никако не можевме да ја испуштиме можноста да го ангажираме Маланг Сар. Се работи за еден од најперспективните играчи, и внимателно ќе го мониторираме во следните месеци. Се надевам дека во брзо време ќе се врати во Челси. Среќни сме што денеска можеме да му кажеме добредојде“ – изјави директорката Марина Грановскаја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×