Пеп Гвардиола го доби првото летно засилување, Гардијан
пренесе дека Манчестер Сити е на добар пат да го договорат Нејтан Аке од
Борнмут во трансфер вреден 35 милиони фунти.
Холанѓанецот во 2017 беше продаден од Челси за 20 милиони
фунти и „сините“ имаа опција да го вратат во своите редови за 40 милиони фунти,
но нема да ја искористат.
Нејтан Аке исто така силно се поврзуваше со Манчестер
јунајтед, неодамна беше уловен во разговор со Оле Гунар Солшер и се шпекулираше
дека Норвежанецот го врбува дефанзивецот да се пресели на Олд Трафорд.
Скај Спортс исто така пренесува дека Манчестер Сити се
обидува да го обезбеди потписот на Нејтон Аке но додава дека преговорите се во
почента фаза и уште неколку други клубови ја мониторираат ситуацијата.