Челси им го даде Лукаку, сега бара двајца фудбалери од Интер

by
1 минути читање

Двата клуба ова лето веќе направија бизнис кога го договорија враќањето на Лукаку во Интер, сега повторно се во преговори.

„Газета дело Спорт“ објавува дека Челси ги сака Дензел Думфрис и Милан Шкрињар.

Челси е очаен во овој преоден рок, играчите за кои ќе се заинтересира други им ги купуваат, па сега се вртат кон Интер во обид да ги добијат овие двајца играчи.

И покрај тоа што го добија Лукаку, се верува дека Интер нема лесно да се откаже од Думфрис и Шкрињар. Челси ќе треба да плати сериозна сума за да ги добие двајцата.

Не е исклучена ниту размена Лукаку за Думфрис и Шкрињар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани