Од Челси му рекле на Лукаку да не доаѓа на подготовките додека траат преговорите со Интер, а италијанскиот клуб добил пет дена да го финализира трансферот.
Сите италијански медиуми пишуваат дека Челси му поставил ултиматум на Интер за трансферот на Лукаку, му даваат пет дена за да го купи фудбалерот, потоа преговорите завршуваат и тој останува во Лондон.
Истиот ултиматум важи и за останатите заинтересирани клубови за Лукаку. Јувентус беше еден од нив.
Лукаку во понеделник треба да се врати во Челси, не се знае дали ќе биде однесен со остатокот на тимот на турнејата во САД или ќе тренира во Лондон со оние кои ќе останат.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Челси ги намалил барањата на 40 милиони евра, но Интер се ценка и бара да плати 30 милиони евра плус бонуси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.