Челси игра катастрофално, а фудбалерите кои потфрлија имаат предолги договори и тешко дека ќе заминат! (ФОТО)

by
1 минути читање

Челси синоќа загуби на гостувањето кај Вулверхемптон, работата на Покетино е во опасност и не се очекува тој уште долго да се задржи на тренерското столче.

Но, голем дел од вината за целата ситуација сноси раководството. Челси потфрли и во изборот за нов тренер и во начинот на кој ги договараше фудбалерите.

Челси најде дупки во системот, па на играчите им даваше долги договори со цел да се засили со повеќе фудбалери, а да ги испочитува правилата од финансискиот фер-плеј. Тоа сега ќе ги чини многу.

Новинарот на „Телеграф“, Сем Дин, изјави листа од 11 засилувања на Челси, а на ниту еден од нив договорот не му истекува пред 2030 година.

Тоа значи дека овие играчи нема да заминат од Челси доколку некој не им понуди поголема плата, а со оглед на нивните перформанси, тешко дека ќе се случи тоа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×