Кулибали не сака да потпише нов договор со Наполи, па клубот ќе мора да го продаде бидејќи неговиот договор истекува по крајот на следната сезона, па ова е преодниот рок во кој можат да дојдат до солидна сума за неговите услуги.
Се верува дека Наполи сака да добие 40 милиони евра за Кулибали, но некои велат дека би го продале и за 30 милиони евра доколку нема повисоки понуди, со оглед на тоа што овој месец ќе наполни 31 година.
Челси и ПСЖ веќе го направиле првиот чекор и контактираат за негово купување, но желбата на Кулибали е да се пресели во Барселона.
Барса е заинтересирана за него, но го замолиле да почека уште неколку недели додека да ги средат финансиите. Побарале од него засега да не прифаќа некоја од понудите на ПСЖ или Челси, туку да ги почека Каталонците да му достават понуда.