187
Договорот е Закарија оваа сезона да игра како позајмен фудбалер во Челси, но сините ќе имаат опција и комплетно да го откупат по крајот на сезоната.
Поради притисокот на времето, Закарија не може да отпатува во Лондон на медицински прегледи пред да го потпише договорот, па тоа ќе се случи во Торино.
Закарија во Јувентус дојде како големо засилување, но не импресионираше и го загуби местото во стартниот тим, сега ќе има можност во Челси да ги покаже своите квалитети.
Томас Тухел има проблеми со повредени фудбалери во средниот ред, па токму затоа Челси во последен момент тргна по Закарија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.