Челси го надигра Тотнем, Мурињо првпат во кариерата двапати по ред губи дома (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем е во лоша форма, а тоа го искористи Челси кој има нова енергија во тимот со доаѓањето на Томас Тухел.

Челси беше подобар, доминираше, создаде повеќе шанси и заслужи да победи иако погодокот го постигна од несреќниот пенал на Даер.

Клучниот момент се случи во 23. минута кога Даер сакајќи да ја исфрли топката го удри Вернер, судијата покажа пенал кој успешно го рализираше Жоргињо.

Тотнем во второто полувреме се обиде да биде поагресивен, создаде и неколку шанси во фнишот од мечот, но не успеа да се спаси од нов пораз.

За првпат во кариерата Жозе Мурињо загуби два меча по ред на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×