Челси го договори најголемиот руски талент, трансферот пропаднал поради санкциите

by
1 минути читање

Во последниот ден
од преодниот рок, Челси ги комплетираше трансферите на Пјер Емерик Обамејанг и
Денис Закарија.

Медиумите од Англија
сега откриваат дека бил договорен и 19 годишниот Арсен Захаријан од Динамо
Москва, кој важи за еден од најголемите руски таленти.

„Сините“ се
сложиле да платат 12,6 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред, но
трансферот пропаднал поради сакнциите на властите во Британија по воената
интервенција на Русија во Украина.

Најголем проблем
било како да се префрлат средства на сметката на клубот од Москва, а под голем
знак прашалник била и работната виза за младото момче.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×