Челси е пред ангажман на Кунде па Барса експресно се договори со дефанзивец на Атлетик

by
1 минути читање

Барселона нема да
го повтори „случајот Рафиња“ кога на Челси му го украде Бразилецот, „сините“ се
пред ангажман на Жил Кунде и наскоро ќе го потврдат трансферот на дефанзивецот.

„Каталонците“ се
помириле дека Французинот се сели на Стемфорд Бриџ, па експресно се договориле
со Ињиго Мартинез од Атлетик Билбао.

Шпанецот е свесен
дека ова е последен воз за настап на Камп Ноу, па кога слушнал дека има шанси
да го облече дресот на Барселона, не се двоумел многу.

Барселона сега
треба со Атлетик Билбао да ја договори висината на обесштетувањето. Во
договорот на Ињиго Мартинез има откупна клаузула од 80 милиони евра, но се говори
дека клубот од Баскија ќе ги намали барањата доколку играчот побара да го
напушти клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани