688
Халанд во договорот со Борусија Дортмунд има откупна клаузула од 75 милиони евра која нема да може да биде активирана до 2022 година што значи дека кој ќе сака да го купи напаѓачот во летниот преоден рок ќе треба да плати поголема сума.
Се верува дека на лето Борусија Дортмунд за Халанд ќе бара многу повисока сума од 75 милиони евра.
Челси го идентификувал Халанд како приоритетно засилување и е подготвен да го урне и клупскиот рекорд за да го ангажира.
Сините во минатиот преоден рок донесоа повеќе играчи во офанзивата, но дел од нив играат непрепознатливо, особено Вернер и Хаверц.