Жил Кунде е една
од желбите на Томас Тухел за засилување на одбраната, Севиља одби една понуда
од 55 милиони евра, но двата клуба од синоќа водат интензивни преговори.
Се верува дека
Севиља бара околу 65 милиони евра за продажба на дефанзивецот, разликата не е
голема, па се очекува во скоро време да биде постигнат компромис и договор за
трансфер вреден околу 60 милиони евра.
Но дури и да
падне договор, постои можност Челси на крајот да остане со празни раце. Жил
Кунде е идентификуван од Чави како идеално засилување за одбраната на Барселона
и сака да го донесе Французинот на Камп Ноу.
Откако беа договорени
Рафиња и Левандовски, „каталонците“ сега ќе се насочат кон дефанзивци. Се очекува
до крајот на наделата да бидат продадени уште 15% од ТВ правата за сума од
околу 320-330 милиони евра, со што Барса ќе има околу 200 милиони евра за
засилувања.