181
Сините веќе имаат начелен договор со Обамејанг кој ќе прифати преселба на Стемфрод Бриџ, останува уште да се договорат Челси и Барселона.
Според новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орстејн, Челси испратил понуда до Барселона од 15 милиони фунти плус Маркос Алонсо.
Барселона бараше 30 милиони евра, но каталонците ќе мора да ги намалат барањата ако сакаат да го продадат Обамејанг, Челси нема намера да даде толку пари за 33 годишен фудбалер.
Последната понуда на Челси изгледа разумно, на потег е Барселона.