Челси бара 60 милиони за напаѓач кој постигна едвај еден гол, само поради тоа што Јунајтед платил 80 милиони за Хојлунд

by
1 минути читање

Армандо Броја важеше за еден од поперспективните фудбалери во школата на
Челси, но никогаш не блесна во првиот тим.

Минатата сезона постигна едвај еден гол во Премиерлигата, а и оваа сезона
може да се пофали со истра броја, 1 гол на 13 натпревари.

Се шпекулира дека Фулам, Вест Хем и Вулверхемптон пројавуваат интерес за
услугите на Албанецот, „сините“ се подготвени да го продадат, но само доколку
некој им плати 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра).

Челси поставил ваква цена откако во предвид земал дека Манчестер јунајтед летоска одвоил околу 72 милиони фунти (околу 80 милиони евра) за Расмус Хојлунд. Во
предвид била земена и проценката на Брајтон за Еван Фергусон од околу 100
милиони фунти (116 милиони евра).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×